Паралелно со оваа опишана тужба, Божиновски, како што веќе беше споменато – по отказот, добиен во јуни 2005 – преку истиот адвокат, поднесува и нова [втора] тужба, но сега по други две основи: – прво, неисплатен регрес за годишен одмор (К-15) – за овој прв основ интересно е тоа што, за време на судската постапка, работодавачот ја криеше завршната сметка за претходната година и лажно изјавуваше пред судот дека, поради наводна загуба во работењето, на никому во фирмата не бил исплатен ваков регрес. – второ, недоисплатени плати како испратнина/отпремнина, по основ на прогласување за „технолошки вишок“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
После неколку рочишта и по комплетирањето на доказната постапка,5 судијката (С. Геровска Попчевска) – во јануари 2003 – донесе пресуда во корист на тужителката, со која делумно се усвојува нејзиното тужбено барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. По приемот на тужбата се вршат подготовки за главна расправа. Овие подготовки опфаќаат: претходно испитување на тужбата, доставување на тужбата до тужениот на одговор, одржување на подготвително рочиште и закажување на главна расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога судот ќе казни со парична казна или ќе отстрани од судница адвокат или адвокатски приправник како полномошник, за тоа ќе ја извести Адвокатската комора на РМ (чл. 304, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој втор основ на тужбеното барање го темели врз правото стекнато преку Колективниот договор во кој се вели дека работникот има право на отпремнина од 12 месечни плати, иако според Законот му 266 следува минимум осум плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)