роман (имн.) - атеистички (прид.)

Фиксиран во твоите книги, тој свет не е само оска околу која се сложуваат и се развиваат Твоите фамилијарни приказни (целава Твоја сага што продолжува), туку е оска за самото твое пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оваа состојба тешко би можела да се дефинира, доколку нема свои корени во длабочините на душата. (Старова, ibid.) Целата ваша натамошна кореспонденција, во која Елен Лејбовиц постојано се докажува како исполнителна, темелна, максимално посветена на Твојата литература, дури и мајчински внимателна кон нејзиниот автор... целата, велам, кореспонденција и не се занимава со друго освен со длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓутоа, вистинскиот повод за ова мое долго и наполно приватно писмо е Твојата непозната читателка Елен Лејбовиц, жена што решила да Ти се јави откако ги открила француските изданија на Твоите две книги: Времето на козите и Татковите книги (а подоцна и романите Атеистички музеј и Брегот на егзилот).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На другата страна од разгледницата со легенда Прованса Мистичните маслини, вие потсетувајќи на питата тикуш (со пилешко месо и јајца), која мајка ми ја подготви по моето враќање од Албанија, според крајот од романот Атеистички музеј пишувате дека можеби питата ќе биде уште повкусна ако се стават и исушените цветови на мајчина душица, рузмарин и маслини.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И можам да замислам што значело за вас откривањето на овој простор на слобода кога ненадејно го забележавте со шумот на брановите кои го задушуваа сталинистичкото дрдорење на вашиот патетичен чувар Х.Х. од романот Атеистички музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
(...) Старова со романот Атеистички музеј, повторно ја менува својата постапка, сега таа е прозна фактура и нагласено кадареовска, надоврзувајќи се на романите Времето на козите и романот од фрагменти Татковите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)