Две жени - две мајки... Од нивните очи зрачи и блика длабока размисла за судбината на рожбите и страв и исчекување и огромната и насушната желба чедата да се живи и здрави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Само гората пееше некаква монотона песна која на Толета му личеше на тажна тажба од илјадници ожалостени мајки и сестри што ги оплакуваат своите несреќни рожби и браќа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Белки ќе те израдуа, сполај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мајка ми, приклештена од тежестите на скорешната рожба и гладот на другите рожби, долго во ноќта го гледаше тажното зрачење на татковата лампа без да ѝ биде осветлена вистината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Гласот на рожбата и мекањето на козлето се слушаа едновремено.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)