родител (имн.) - има (гл.)

Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се нарекуваат родители. Одамна пред да нѐ родат, дури и пред да нѐ зачнат, нашите родители имаат решено кој ќе бидеме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Родителите имаат желба да свириш или ти сакаш?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се сврте накај мене и ме погледна, и кротко ме запраша.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нашите родители имаа други работи, по ниви, по ливади, па собирањето на сеното, што не е којзнае каква тешка и стручна работа, ни го оставија на брат ми и мене.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)