роденден (имн.) - на (предл.)

Ја немав видено оттогаш, и сега беше тука, како да го препловила времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу посетителите во салата на театарот бил Георѓи Парванов (покрај многуте актери и пријатели, блиски и непознати наредени во долга опашка за да ѝ ја стиснат лично раката на Стојанка), тој се искачил на сцената и лично го честитал роденденот на големата актерка“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ана ми ја подаде гондолата, мојот подарок за дваесет и шестиот роденден на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клучот од онаа страна на бравата двапати крцна, во празнината останаа само куќните шумови обесени на ѕидовите како ненужни крпи. „Дојди вечер да пееме“, му викна Отец Симеон. „Го славам роденденот на мојот прадедо.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ако некој те праша зошто ја носиш свечената црна кошула, кажи дека ѝ е роденден на мајка ти или дека по завршувањето на смената треба за прв пат да излезеш со потенцијалната девојка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
07 август Зарем последен пат ти реков среќен роденден на овој ден минатата година, зар ти беше среќен...?
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
3. АМИ ЕДНА СТАВА ШТО ИМА, АЈ МИ СИ ОДИ - оди си, значи, во небрано лозје да те фатат, па штом полјак те улови средсело да те води да не знаеш ни роденденот на која ти е дата...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Пиеше сега во својот стан и смуртено го славеше роденденот на својот гостин.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)