рог (имн.) - од (предл.)

Тој најпрво помислил дека брзите нозе ќе го спасат од трагедијата да биде наденат на рог од крава, ама после сто-двесте метри стипл-чес, сфатил дека куршумот насочен кон кравата, а испукан од пиштолот кој случајно го имал кај себе, ќе му овозможи да поживее малку повеќе од годините што си ги носел на плеќите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И нема ни Бадник, ни Божиќ, нема коледари, нема што да раздадеш, нема што да дадеш. Никој оган не запали во гумната и на роговите од говедата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)