Трчаше бикот кон кожарата и со таква сила удир со роговите во ѕидот што тој пукна и се свалка пред нозете, како да не беше од камен ѕидан и со години печен, туку како да е детска реденица, лефтерна сувоѕидица.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едно од говедата чудно рикна. Другите се обеспокоија и му се придружија. Некои од луѓето се исправија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се плашеа да не е волк и наслушнуваа тапи удари на рогови во дрво.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Романиотите говореле на грчки јазик Sephardim Евреи по потекло од Шпанија и Португалија со говорен јудео-шпански јазик (judeo-espagnol) или ладино.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Shamash прислужник во синагога Shekina присуството на Бога меѓу неговите луѓе на хебрејски јазик הניכש Shofar бравски рог во кој се дувало во синагогите на празникот Рош Хашана, еврејската Нова година како и на Јом Кипур, Денот на искупувањето Shtetel мало еврејско место во централна Европа пред холокаустот, на јидиш
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Традиционална честитка со значење: „Радосен Пурим!“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш двајцата ги плени и градот и разгргорената чаршија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И тогаш ангелите со сиви крилја ликуваа со шестократно свиените рогови во рацете зашто сега почнуваше нивното царство... А таа, можеше да го засака овој град...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)