рисјанин (имн.) - и (сврз.)

Таму можеше веднаш да се забележи дека верската поделеност, меѓу рисјаните и муслиманите, беше поизразита, незаплисната од брановите на лаицизацијата на која Мајка беше навикната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ти ни беше единствениот учен адвокат, со диплома дури од Цариград, кај кој си наоѓавме дерман во небиднина, сите и рисјани и муслимани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе дуќани почнаа да се затвораат, дуќани на рисјани и дуќани на Турци, а оние што останаа отворени ги голтаа во својата длабока темнина главите на замолчаните дуќанџии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас се осмелив сепак да се надоврзам на последните зборови на А.А.: - Рисјаните и муслиманите многу векови живееле заедно, опстанале низ истиот јазик и судбина, сигурно ќе најдат сили да ја продолжат убавата традиција, во соживотот на верската толеранција која се наследува како драгоцен дар од генерација на генерација!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овој народ, кој живеел меѓу рисјаните и муслиманите и кој не влегувал во судири со нив, не може да се определи која вера е за него подобра.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)