ризик (имн.) - на (предл.)

Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И овде се докажува познатиот стих: “По покусиот пат во рајот не се стигнува” - на почетокот морате да вложите малку повеќе за после помалку да ве боли глава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Суверенитет на граѓанска слобода, ама онаа слобода која произлегува од превземањето на одлука и одговорност за ризикот на истата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Чекоревме крај Езерото, потем крај реката Дрим, во градот Струга, како среќно, спасено семејство, а можеше лесно да се случи, доколку не се преземеше ризикот на историското бегство, во овој ист светнат ден, да чекоревме како несреќно семејство, упатено во логор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Важна новина претставува и законската обврска на работодавачот да ги информира вработените за секој вид на ризик на работното место, за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го чувствуваше сиот ризик на последниот куршум, но достојуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас сметав дека не можеше да се бара виновник во една ваква бизнисменска зделка во која, како и во секоја друга, постоеше ризик на инвестиција.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)