Во Картагина, во која се наоѓаа речиси сите резиденции и амбасади, а на еден рид беше извишена големата резиденција на американската амбасада, дејствуваа амбасадорите и нивните советници како на свет во мало, во кој беа силно изразени и тогашните делби во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тогашен Тунис, во кој завршуваше владеењето на еден од основачите на неврзаноста Хабиб Бургиба, но кој никогаш не ја прикриваше својата апсолутна приврзаност кон САД (крај работниот стол ја имаше сликата на тогашниот претседател на САД Роланд Реган, покрај онаа на Мандес Франс), новиот претседател Бен Али, по историската поддршка на раководството на Југославија, всушност ја добиваше и поддршката на неврзаните, која овие земји бездруго му ја должеа на Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зад ридот беше џадето, тоа беше цело нивно, Германците го држеа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
„Ридот ништо не родил“, повторува тврдоглаво таа, „туку сѐ што дојде и сѐ што не успеа да се врати од тој рид беше дело на оние будалине што тргнаа да го освојуваат иако не знаеја што токму ќе треба да освојат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како што беше беше, по време едно со сигурност дознавме, - патот до Сентерлевиот рид беше страшно стрмен, како во пеколот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)