Во кафулето „Ернест Хемингвеј“ во Скопје баш кога ги почувствував првите знаци на ревматични болки на левото рамо ми се дотркала едно бранче и пред да заспие ми шепна дека веќе ништо не е како во книгите на Хемингвеј: испокинати се старите мрежи во кои се фаќаа љубовните воздишки а и рибите веќе не се по воздишките и по заводливите насмевки.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)