риба (имн.) - во (предл.)

Како травл, мрежата за ловење риби, ама оние риби во длабоките морски води, ги ловеше опасностите, како травл- бродот за ловење и уништување на морски мини, ама оние опасни животни мини кои ако навреме човекот не ги отстрани можат да се активираат, кога најмалку ги очекува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Риба во море можеш да фатиш, та и него во оние пустињи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гладта на пронаоѓачот ако ја водиш со себе значи си ја дофатил насмевката на детето во себе. (Дали станува збор за риби во летен азил?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ме одби поради него, и сега го нема во мене, а го има секаде: во класјето крај патот, во билките и животните, во рибите во водата и птиците во воздухот, во очите на луѓето, во сите створови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми се чини оти успеав да ѝ го насликам записот на годините врз лицето, сјајот на самотноста, тишината со која таа разговара со рибите во езерото, гласот со кој ги довикува пилињата и кутрињата, жужалците и светулките...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од звукот се уривале карпи и пресушувале реки. Светот бил во агонија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа сигурно ќе фати место, ќе ги исплаши и сами ќе си дојдат овде како рибине во колцине од даљанон.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Рерната веќе беше загреана на 150. Ја стави рибата во неа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа изгледаше исто онака вретенесто и далечно, како што изгледаат рибите во матната вода, а тој никогаш не стаса да го дофати ни со мислите тоа меркање, што изгинуваше наеднаш, за да се појави пак на она место, каде што најмалку го очекувал, и во оној миг од разресената лента на сознанието, каде што најмалку можеше да го осмисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А готвачот ќе добие награда, коска од риба во грлото. И само тоа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
РЕТЕЧКИ - ретки, реткички РИЗАТ - даруваат, подаруваат РУГА - надница, плата РУТИШТА - алишта РУШВЕТ - мито, поткуп САДНО - рана кај товарниот добиток на плешките од самарот САДРИЈАЗАМ - везир; прв везир, министер САЛАМ - здраво, сигурно, добро САРАФ - Човек кој работи со пари; банкар СЕ РЕБРИ - се токми, се припрема да направи нешто СЕБАП - причина, повод, мотив СЕВДА - љубов СЕВДИСА - се вљуби СЕИЗ - коњушар СЕЉАМЕТ - спас, здравје, безопасност СЕРТМЕ - мрежа за ловење риби во плитко со фрлање СИНОР - граница, меѓа СЌЕПАР - тесла (На плицата имало сќепар) СКЛОПЕЦ - мал дрвен сад за сирење, пиперки, јајца и сл. со капак СКОРНИ - високи кондури; чизми СПАЛАЈ - се побрка, полуде (спалај се) СПОЈМИ - науми, намисли, реши (Мајка му спојми да го жени).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете го, оздола, Доксим Тренчески и оди по гумната, по вравовите и раскажува: - Чув, вели Доксим Тренчески, дека војниците умирале ко риби во пресушена река.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И рибите во водата честит царе, да се камен, и птиците во седелата, примерно и орлите и сениците, не ќе можеме. Граѓа се нема.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Веќе илјада години, од генерација на генерација, на Медитеранот се практикува ловот на туни со матанѕа, обично кон крајот на пролетта (во мај) и во лето (во јули), кога небото е светло сино, морето мирно, водите проѕирни и особено кога не се заканува ветер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како риба во глобина. Како орелъ во вишина Како овца съ рȣдо ѧгне, Како лоза съ бело грозье.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
АМПО: Е, татко, и ти мајко, рибата во водата, а тиганот на оган. Каде ви е кумот?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако не го најдеме денеска, ќе го најдеме утре.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А еднаш го фатија кај што ја влече мрежата и повторно ги враќа рибите во езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Како можеш, Ивана, така да зборуваш кога толку често има во вестите: - помор на рибите во Вардар, или Пчиња, или во Брегалница - и тоа поради еднократно испуштање на штетни материи од страна на непознат загадувач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Тето, - пак ја прекина Бреза, - има ли риби во езерово?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Околу нејзиниот дворец, - продолжи таа додека внимателно и со мака се искачувавме по тесната патека што водеше низ карпите крај езерото, - течела брза и бистра планинска река со многу златни риби во неа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Малку губи апетит за рибата во чинијата пред него, но затоа белото грчко вино му годи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега јас сум ко риба во мрежа, претам, ама на едно место.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека и рибите во морето се замрзнати, нема ништо живо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се брише и се тресе ко риба во мрестење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)