Го избрав театарот. На македонскиот театар му е потребен некој кој со остроумните решенија ќе го хуманизира, ќе го елитизира, ќе го естетизира, ќе го морализира...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Доколку инспекторот на трудот затекне на работа кај работодавачот лице со кое не е заснован работен однос и тоа не е пријавено во задолжително социјално осигурување, со решение ќе му нареди на работодавачот во рок од 15 дена да заснова работен однос со затеченото лице на неопределено време и да му исплати надомест во висина од три просечни бруто плати исплатени во РМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
По само четири месеци следеа вторите измени во оваа сфера, каде повторно дојде до намалување на забраната за вршење на работа доколку работодавачот не постапи по решението на инспекторот на трудот, но наместо се додека не бидат отстранети утврдените прекршувања, сега забраната трае 15 дена, а доколку и по истекот на забраната, работодавачот не ги отстрани утврдените незаконитости, инспекторот на трудот со времено решение ќе забрани работа на работодавачот во траење од 60 дена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Кога решението ќе се објави усно, мора да се издаде и написмено, освен ако со закон поинаку е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покана за плаќање на глобата на сторителот на прекршокот ќе му врачи инспекторот на трудот на местото на прекршокот (чл. 265, ст.1, ал. 6 и ст.2-4 од ЗРО). 7. Изведувањето на доказите го определува советот, односно судијата поединец – со решение, во кое ќе се назначи спорниот факт за кој треба да се изведе доказот и доказното средство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на 234 Собранието на РМ, претседателот и членовите на Комисијата за заштита на конкуренцијата ги именува и разрешува Собранието на РМ, за период од пет години со право на повторно именување (чл. 27, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Предложените докази што не ги смета за важни за одлуката, советот, односно судијата поединец ќе ги одбие и во решението ќе ја назначи причината за одбивањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Комисијата за одлучување по прекршок, на претпријатието, односно здружението на претпријатија, со решение ќе му изрече глоба во износ до 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ за која претпријатието или здружението на претпријатија има составена годишна сметка, ако: 1) склучи забранет договор или на друг начин учествува во договор, одлука или усогласено однесување со кои се нарушува конкуренцијата...; 2) стори злоупотреба на доми- нантна позиција... (чл. 59, ст.1, ал.1-2 од ЗЗК). 3. Со договорот за друштвото [со ограничена одговорност] може да се определи сите или одделни содружници [а не ‘вработе- ни’!] да се обврзат да дадат дополнителни доплати над износот на влогот само кога е тоа потребно за покривање на загубите или за привремена неопходна потреба од парични средства (чл. 191, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Врховниот суд на РМ постапува по барањето кое ги исполнува критериумите во рок од шест месеца од неговото поднесување и одлучува дали по- нискиот суд го повредил правото за судење во разумен рок, притоа имајќи ги предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи, а особено сложеноста на предметот, однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој постапувал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако Врховниот суд утврди повреда на правото за судење во разумен рок со решението ќе определи рок во којшто судот, пред кого постапката е во тек, мора да одлучи за правото, обврската или кривичната одговорност на подносителот на барањето и ќе досуди правичен надоместок за поднесителот на барањето заради повреда на неговото право за судење во разумен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако решението се обработува механографски, наместо потпис и печат може да содржи факсимил.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)