„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Доаѓањето на девојките, поточно речено на Гица, зашто
само таа на двајцата ни беше во умот, нѐ потстакна сосем природно кон натпревар, кој повеќе да се истакне, служејќи си еден за другиот како мерка за споредба.