Новото работно место на кое е прераспределена е референт за прием и отпуст на осудени и притворени лица, матична евиденција и статистика – а, само по себе, подразбира 73 непосредно вршење на административна работа при внесување и изнесување осудени лица во и од КПУЗ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Однекаде се најде и цвеќе, дојдоа и другарите, референтот за спорт и култура другарот Дервутоски, референтот за општи работи другарот Вецески, другарот Елимоски, другарот Лажоски, направивме еден митинг во чест на другарот Анески, нашиот Ѕвонар. Проклет да бидам, митинг.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А порано, пред доаѓањето на директорската позиција, таа работеше на работни места и позиции соодветни на нејзиното образование: како референт, технички секретар и архивар (кога имаше средно гимназиско образование), потоа стручен соработник (кога веќе имаше звање дипломиран правник) и, на крај, раководител на Секторот за извршно-управно и финансово работење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Само еднаш се осмели, на еден помлад референт за вработување, во фабриката за чевли, да му свика: - Јас не дојдов да те прашам како да си го редам личниот живот, туку да барам работа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)