ресторан (имн.) - на (предл.)

Ех, бе, Кико, ич не ме прашувај и мене како се бега од историјата и како се прави помфри од норвешка сорта компири во рестораните на „Мек Доналдс“ среде Москва додека изгладнетата филхармонија на врапците се подготвува да ти го отсвири Вториот концерт на Рахмањинов.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се вративме во Ставрос, во најголемиот ресторан на градот, на браќата Калидиоти, на самото градско паркиралиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во ресторанот на „Евридика“ се појави една жена, на која ѝ рековме дека сме Југословени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, важно е дека овој град ви нуди секакава кујна и тоа не само во раскошните ресторани на „Хилтон“, туку и кај малебиџиите и акчиите кои се расфрлани речиси секаде - од пристаништето па сѐ до „Таксин“ и „Ак Сарај“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И по улиците се пее, се игра. И се јаде. Не како по рестораните на павилјоните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас и ти бевме во ресторан на вечера со пријателите, беше задушливо зошто сите пушевме и пиевме алкохол.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се врткаше низ собата колку што можеше подолго додека најпосле, сепак на време, слезе долу во ресторанот на кафе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со цимерот Моне понекогаш одевме во ресторанот на „Ексцелзиор“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)