реон (имн.) - на (предл.)

Во Февруарскиот поход добила задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
д) Единаесетата и Дванаесетата македонска бригада добиле задача да ги нападнат комуникациите Куманово-Крива Паланка, а потоа Единаесетата бригада да го нападне Кратово и да премине на Овче Поле, а Дванаесетата бригада да остане во реонот на планината Руен:
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Едновремено со активностите во Западна Македонија бугарските и германските единици презедоа и низа активности против единиците на НОВ и ПО на Југославија кои дејствувале во реонот на Куманово-Врање-Црна Трава и оние кои дејствувале во реонот на Тиквеш и гевгелискиот крај со цел да се ослободат од притисокот на комуникациите низ Моравско-вардарската долина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Истовремено од југ, од насоките на селата Косинец, Лабаница и Смрдеш и од север, од Клештина, долж грчко-македонската граница во насока на Герман, иако со голем загуби, владината војска прави напори да го затвори патот за отстапување, преминување во Албанија и со тоа земање во силно стегнат обрач на сите единици на ДАГ од целиот реон на Вичо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука - тој и натаму го држеше врвот на стапчето на ридот Гинова карши селото Калевишта - затоа што во реонот на Алевица противникот нема формирано позадина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ВО ИСТАНБУЛ секој тргува: од оние во што целата сергија ја носат на раце, па до оние што имаат дуќани во „Таксим“ - најелитниот и најбогат реон на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зајакот се изгуби негде во толпата за да го најде својот мир во реонот на вецеата, каде што остави извесен прилог во вид на купче топчести и тврди фекалии, како потсвесна артификација на рогобатната уметничка случка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Катерина Кедрос ќе „блада на јазик што го мрази“, авторот ќе се моли за спас на душата на својата (можна) сонародничка, а книгата „Псалми“ ќе биде сместена во музеј крај црквиче во реонот на Фенер - за да остане засекогаш неодгатнато колку таа книга навистина била стара, кој ја напишал и која е нејзината смисла.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
_______ 4 Пријателското водухопловство од самото утро сееше ужас и катастрофа во реонот на Лемос (Р`би). 5 Пештера Захаријадис 6 Преспа душата на Македонија 3.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во темните реони на историјата дерикожите ги острат ножовите, да му ја одерат кожата на градот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)