ремен (имн.) - и (сврз.)

По неколку мигови влегува генерал Маркос, висок мустаклија, опашан со ремени и оптоварен со две офицерски торби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги поткревам панталоните, ременот и излегувам. Му се претставувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не зедоа како големи, ама таму, во Преспа, кога излеговме така убави униформи, сѐ во ново, море и чевли, и чорапи, та и кошули и ремени и автомати ганц, знаете, со строев чекор, по четворица, само правот – пуф, пуф под нашите нозе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Беше маѓепсан и загледан, останувајќи свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак, чиешто превиткување го престегна како исквасен ремен и го згрчи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајсторот Ратко во гаражата држеше ситни делови за коли – свеќички, платини, четкички, лампи, осигурувачи, ремење и слично и нешто галантерија како спрејови за чистење, полир-пасти, мали пакувања бои за замачкување на разни гребнатини и други такви работи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влезе командирот, испеглан, чизмосан и опашан со неколку ремени и ни вели: - Знаете ли вие, дека таму во Егејот нашиот народ крв проплука од тие клети Грци и крв лее, а вие седите тука, особено ти, ми вели мене, седиш, читаш „Нова Македонија“ и „Титов пионер“ и сеир си правиш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)