река (имн.) - секогаш (прил.)

- Се согласувам, - и потврдува - па и да се менува за нас оваа река секогаш ќе е наша река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Реката секогаш повикуваше некаде, да продолжиме со селидбата, кон непознатите предели, кон морето, кога веќе еднаш сме се откорнале од родната земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ни беше тешко во животот, реката секогаш не потсетуваше на можната алтернатива, но ние останавме тука засекогаш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)