река (имн.) - има (гл.)

Таа се насмеа. Нозете и беа во потокот а таа седеше на брегот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повторно, како и тогаш, ги изусти истите зборови: - Господе, ова место каде се спојуваат реките има нешто што судбински ме поврзува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А други ѓаол велел: „Јас пак, има толку време к'ј прајет еден мост ето на која река, а јас на вечерта им го расипам, та никако не можеет да го застојеет и да го сврзеет!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Крај реката имало едно дрео.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И нашата куќа крај реката имаше свои посебни празници кои најчесто ги споделувавме со соседите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Јас и реков дека во реките има риби, а овде ги нема па затоа и не треба да ја викаме река.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа беше често отворена и за емигрантите од нашите краишта кои пребегнале преку ѓаволски затворената горница во почетоците на сталинистичките времиња, со намера да заминат во далечните Америка, дури и Австралија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во пазувите на ова бессоно утро Во падините на рајот вечен Жена метузалемски стара ми прорече: Кај што река има, таму тече Крвта на твоите незнајни предци А кај ќе видиш санта, глечер Таму нема вера, таму нема светци Тук кон зло те тера лик нечовечен И тој ќе зине муцка клета Вели – малку ли се трите Света?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)