резерва (имн.) - во (предл.)

Таа никогаш и од никого на барала додатни објаснувања зошто кај неа доаѓа да бара помош или да преноќи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долна Арена ја држи една двочета, а офицерската школа е ставена како резерва во Суфљака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ниту еден од потписниците на нашата заедничка молба (а на Таша никој не и спомнал за правата со кои се здобила како учесник во војната) не изрази резерви во смисла на ова што ти го спомна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тревата стана и државен спорт се земаше често во радост и зорт инспектори видни дуваа ко стока чуваа неколку резерви во фиока
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но и самиот оставал одредена резерва во однос на тоа прашање.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Беше пријателски настроен кон мисијата, но имаше некоја резерва во неговиот став, што се должеше, по мое мислење, на нашата претходна помошна Михајловиќ.125
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Течеше малку питка вода додека стигна врелата, па колку-толку пивнав и ја згаснав малку пеколната жед за да имам резерва во себе за наредниот ден, до првата чешма на патот што не можеше да биде ставена под контрола.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)