редица (имн.) - на (предл.)

Оваа еднобојна, зимска студена и мразовита панорама, се разбива пред самиот Пазарџик врз безбројната, непрегледна и долга редица на еднотипски оранжерии, кои дефилираат пред зачудениот патник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Градот е пекол, градот е студ градот е преплавен со разврат и блуд и секој чесен го сметаат за луд во градот е потребен страшниот суд Редици на шалтери, редици во банки редици во болници, редици во Бутел ефтина шминка на ефтини луѓе ефтин дух во градот прескап
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)