ред (имн.) - во (предл.)

Во една неодамнешна студија за развојната улога што ја одиграле старогрчките математичари со цел да се постигне „предност во војна“, John Onians го разгледува вградувањето на милитаризираната свест во Западната културна продукција.9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од своите седишта, гледачите го гледаа цервиксот од друг агол: широк план на цервиксот како претстава.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој забележува симултана зависност од математичката хармонија, пропорциите и редот во старогрчката ‘уметност на војување’ како и во уметноста и архитектурата, и заклучува дека војната е најважната „тема“ во старогрчкото сликарство и вајарство, како и структурален принцип во архитектурата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сите ние што во тој момент бевме во The Kitchen и го избравме стоењето во ред во очекување на ‘театарскиот миг’ кога на местото каде што е цервиксот името на уметноста ќе се поклопи со името на порнографијата, го доживеавме тоа преклопување на сцената на телото на проститутката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како да се стави ред во државата?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој говореше за редот во училиштето, за чистотата, за учењето и за другите работи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега, листот воврен во валјакот не беше празен, на него гледам црни редови во низа, се влечат надолу еден по друг, треперат црно и болскотно, како што треперат ѕвездите на небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа само изгледа дека тие внесуваат спокој и ред во налудничавото, хаотично движење на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој самиот им се предаваше како на струја, ама сега беше веќе заситен и сешто му се меткаше без ред во паметта, притисната од некакво темно недоволство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој дури сега забележа дека заправо за сето време го држел показалецот од левата рака токму на тоа место меѓу листовите, за да не си го загуби редот во читањето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вокалите се обидуваат да воведат некаков (којзнае каков и кому ли потребен) ред во творечката анархија на една агонија во која времињата заемно се ништат да би да ослободат повеќе место за обичното, дребно постоење.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Луѓето отсекогаш му се чуделе на редот во годишните времиња, на начинот како ноќта го сменува денот и на прецизноста со која, како што нам ни изгледа, ѕвездите и планетите се движат по небото.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во очите на мудрецот тоа е обид видот да воспостави ред во сопствената слоевитост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога научниците ќе го побараат овој вид на ред во космосот тие најчесто и го наоѓаат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И другите од оркестарот се вознемирени: им се нарушува нешто во нивниот, од долги години установен ред во работата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Женското, пак, не стаса ни да се запише на студии, кога појде по едно штотуку дипломирано докторче кое застана на ред во Бирото за невработени, чекајќи работно место во главниот град, а не некаде во внатрешноста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Макар што си повикан да внесеш ред во душите на луѓето, одеднаш навлегува таков неред во твојата сопствена од кој не само што не можеш да испливаш со главата туку не стасуваш ни да дојдеш до здив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој внесуваше вистински ред во библиотеките во кои работеше. ѝ го враќаше достоинството на книгата, во времето кога таа доживуваше секакви забрани и понижувања.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Замислуваше дека сите овие последни знаци ќе ѝ се спротивстават на големата историја, за да внесат ред во душите на луѓето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пред да се разболи, тој имаше ред во јадењето. Никогаш не претеруваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Постоеше извесен одамна установен ред во вршењето на сите нужни работи што Бојан ги знаеше и за кои мораше да води строга сметка да не ги прескокне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Биографиите се наредени по абецеден ред во рамките на еден материјал кој полека се надоградува, а податоците непрекинато се акумилираат и создаваат еден дискурзивен, отворен и незавршен есеј за природата на СНН и, бидејќи набрзо станува очигледно дека податоците во голема мера се филмски, тие исто така даваат материјал и за есеј за природата на филмската уметност и филмските конвенции, за раскажувањето и за други нешта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ти си закалуѓерен во оној ред во кој зборот по вистината талка горд си на својот праведен изглед но токму во изгледот можеби си извалкан.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Везден ја прелистував книгата на родените сѐ дури не го пронајдов и оној ред во кој се препознаваа и буквите на моето име – синџирче од глуварчиња што го плетат децата пролети.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите кои имаа можност да ги видат, а можеше секој од Потковицата да ги види, беше само да отиде дома кај Акиноските и на надлежиот за тефтерот, по правило тоа беше најстариот од нив, да му раскаже нешто кое навистина се случило и кое ги засегнуваше сите од ред во Потковицата, остануваа стаписани од големината нивна (собрани на куп, со тевтерите можеше да се наполни доволно еден дел вејнички куфер) и од писмото во нив: беше чудесно испишано и украсено со разно-разни шари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И за час, сѐ по ред во Потковицата, и христијанско и турско, беше превртено тумбе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„При остварувањето на слободата на вашиот природен дух, некои проблеми ви се нанесени од живите суштества околу вас, некои од природните непогодности а некои од умот. Првите два полесно се надминуваат, но третиот: управувањето со сопствениот ум, е најголемата пречка за воспоставување на ред во вашиот систем“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Советот, меѓутоа, ставил извесен ред во турските финансии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При тоа, на инсистирање на конзулите, тој ветил дека нема да дозволи мешање на турското населние во воведувањето на ред во градот119.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа ни помогна на сите да се вратиме во нашиот секојдневен живот и ред во куќата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некој би требало да го запали тој човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не може девојчињата да се расшетуваат низ редовите во потрага по кртот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако треба да одиш во тоалет, крени го знаменцето, земи си ја чантата и не оставај ја на подот во WC-то зашто кртот не презема одговорност за изгубени или откраднати работи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На тој начин, ако нешто фали или нешто е разредено некаде во близината, ќе го обвинуваме духот на Бетси Рос, ми вели тој, и сите машини за шиење ги има опремено со знаменца.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јадев како кучињата скитници, без ред во оброците, без место за јадење, не го знаев местото во домот ниту пак часот во кој загризував во храната, џвакав, голтав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои од тие луѓе се обидуваат да го средат времето, да распоредат кога што било, и што било пред а што било потоа, и што било некогаш одамна, а што неодамна, и што веќе било, а што допрва можеби ќе биде, и што навистина било, а што не било.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во деновите кои се прелеваа еден во друг чекорев по улиците, со наведнат поглед со каков што чекорат осамените, небаре мислат дека изродство од светот им е втиснато во зениците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во нивниот внатрешен свет некои мигови, некои слики, некои настани, се откорнале од своите лежишта и го измешале редот во минатото; се измешале дури и минатото, сегашноста и иднината; се измешало дури и она што било и она што не било.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Чистотата на дворот, редот во него, кошниците со пчели, роморот на манастирската чешма, чинам, ме погалија, ме сталожија“ (Сестра Ангелина).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чистотата на дворот, редот во него, кошниците со пчели, роморот на манастирската чешма, чинам, ме погалија, ме сталожија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Хорацио со испробан гест лежарно ја крева десницата и нацртувајќи две-три елипси во воздухот, ми се обраќа како да сум во првиот ред во партерот: - Тоа веќе стана локална бајка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се сеќаваше на движењето на својата рака додека со молив ги потцртуваше редовите во книгите што ги читаше и на својата желба да потцрта за да не заборави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Работи кои нервираат, ама не многу кога твојот ред во банка се движи побавно од сите други; кога ќе облечеш нешто наопаку; кога било притиснато на CapsLock; што никаде не се наоѓаат женски чевли број 41, а подоцна на распродажба се останати само од тој број; кога некој интересен филм постојано го фаќаш од пола; кога помеѓу сите можни шампони во продавницата се потрошил баш твојот; кога сред презентација ќе ти откаже видео бимот; кога некому ќе му кажеш дека нешто "мора" а тој ти одговара со "се мора само едно"; кога ДВД-то сецка сред порнич; кога ќе ти избега мисла; кога очекуваш мејл а тој отишол во спам; кога детето нејќе да ти заспие а ти паѓаш од умор; кога таман си се стуткал во топлиот кревет почнува да ти се моча; кога си на глуп состанок а надвор пука сонце. кога некој постојано ти вели „ај ќе се видиме“ а тебе ти иде да речеш „е добро де, кога??“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во 1985 година Дерида аналитички покажа дека со зголемување на заемодејството меѓу поврзаните елементи системот може да мине низ фазен премин од ред во неред.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мојот другар не беше дома, па со едно ливче на кое напишав неколку реда во знак на благодарност, му го оставив клучот под черџето на прагот на неговата врата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нешто има што не е во ред во него или околу него, тоа не може јасно да го разбере.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Небаре да сум се искачувала нагоре, кон Млакине, во Присојон и како да сум го загубила редот во дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никогаш нема да има ред во оваа куќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој беше само војник кој мораше да го почитува редот во војската.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Специјални закачалки-организери кои, така специјални, така расклопливи, така практични, воведуваат ред во здивените ормари.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Насекаде има куршлуси. Се трудам да воспоставам ред во тој неред.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите се исплашија од вошките. Тие проклети, се чини, никого не почитаа, не знаеја за редот во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бустрофедон Грчкиот термин бустрофедон значи „свртување на воловите” и го означува начинот на којшто се ора со помош на волови - еден ред во една насока, другиот во обратна насока.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Наспроти тоа, сѐ уште се обидувам да внесам ред во своите мисли и од метежот да создадам слика на времето, што и е моја задача.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Подоцна Махмуд Дарвиш во Охрид ќе ми открие најмногу кој беше Јасер Арафат, но сепак мистеријата продолжуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во сите средби кои ги имав со Јасер Арафат, по разговорите кои се однесуваа на меѓудржавните односи (најчесто на југословенската политичка поддршка на Палестина во светот на неврзаните, во меѓународните организации, во прв ред во ООН, каде што Југославија, сѐ уште играше значајна улога, каде што имаше вешти дипломати како и помошта која ја добиваа Палестинците), настојував да си ја дополнам претставата за оваа комплексна личност, кој во крајна линија беше еден вид Ахасфер, во вечна потрага по својата татковина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еднаш тоа беше Франсоа Митеран, другпат Тургут Озал И така по ред во текот на четири години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прочитаните книги воспоставуваа некако ред во душата по кој се трагаше во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да беше до нив, тие ќе ги тупнеа книгите без никаков ред во трите сандаци и работата ќе беше готова за час-два.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка веќе беше будна, вечно внесена по редот во куќата, по навика појде кон чардакот, да си рече доброутро со Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со мене се случуваше нешто слично како со онаа жена по име Марија Ирабури што ги пишувала овие неколку реда во книгава што ја имам пред себе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Уште вториот ден, кога дојде слугинката, на Марија ѝ стана јасно дека други раце ја одржуваа таа чистота и ред во куќата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
При крајот на овојата „беседа", се ослободи и погледна во публиката од еден ред во друг и стигна со очите до третиот каде што стоеја Бојана, Достите и до нив малата Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсте подрипна и веднаш одговори потврдно и се загледа со ред во сите четници; во нивните бушави коси, небричени бради, извалкани алишта, а особено во нивните колани, фишеци, револвери и пушки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во модернитетот тоа беше постигнувано со помош на поставувањето на обврзувачкиот морален код зајакнат со репресија зад него, што луѓето ги дисциплинираше; но, од друга страна, во тоа време голем дел од човечкото однесување направен е морално индиферентен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така што прашањето станува: како можат да се обезбедат одредените предвидливост и ред во човечкото однесување кога не постои визуелното надгледување на соседот, никаков притисок од страна на соседството или локалната заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потамина се задржа на еден запис од нецели два реда во првиот дел и прочита: Кравата ни се отели...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Оттаму и онаа одлука што веројатно ја имам донесено: да почнам да ги бројам деновите!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми беше сосема прифатлива помислата дека не сум во состојба којзнае што да преземам, па затоа и одлучив сè да заборавам и веднаш да се зафатам со воспоставувањето ред во минувањето на времето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Црни, прави, издолжени зеници кабаре бастуни, караван плајвази камбани нечујни, витки ќулафки од грб гледани стожерниот дел на крстот језуити озрачени со водена светлост најстрогиот Ред во историјата на езерото, чудо во Охрид!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Затоа, ќе биде корисно од самиот почеток да разграничиме три главни употреби на овој термин – општествената, културната и геополитичката (територијалната).2 Општествената граница е начин да се стави ред во општествените односи и да се означи членството во колективот и затоа е инструмент на општествена организација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тетка Олга како постојано да се чувствуваше непријатно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Изразив негодување за тоа што им го нарушувам редот во куќата, до оној степен до кој е доволно за да покажеш дека си благодарен за тоа што ти се дава, како, на пример, со инсистирање да спиеш на каучот во дневната соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се веселеја Македонците до самите зори како што е редот во чест на свадбата на Кралот...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Дојдовме до Хрушчов, ама не можеме да фатиме ред во дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
2. Сами одржуваат ред во училниците и во училишниот двор; посебна комисија секоја недела определува кое одделение е најуспешно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Замислите си куќа во која не се прави генерално чистење.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Да веруваме дека сме дел од редот во космосот, дека космосот се грижи за нашата иднина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Армасот на Деспина за неа е една голема лекција која дефинитивно ќе направи ред во нејзиниот живот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дека нешто не е во ред во тие нивни игри најдобро знаеше Мурџо кој штом ќе се појавеше Чана со Дончо, се прикрадуваше крај нив и постојано го имаше на око Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пред заспивање чекаше да се огласи и јатси намази и дури тогаш заспиваше и самиот, и ова му стануваше, без да мисли, некој нов ред за денот и редот во куќата, и зашто со таквите знаења некако се извишуваше над сите неуки, а најмногу над Тодора која спиеше покрај него, гровната како насукана гемија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Редот во седнувањето на софра исто така секој си го знаеше, зашто ова не беше параспурска куќа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)