ред (имн.) - кој (зам.)

Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Месопотамискиот универзум - бидејки не бил составен од мртва материја, бидејки секој камен, секое дрво, сѐ што е појмливо во него, било доживувано како волево суштество со свој карактер - „... се базирал на авторитет; и неговите членови, намерно или автоматски се покорувале на редот кој наметнувал соодветно дејствување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Решението за престанок на работниот однос го донесува директорот на јавното претпријатие, против кое работникот има право на жалба до управниот одбор во рок од 8 дена од приемот на истото (чл. 37ч). 110 ЗАКОН ЗА СТЕЧАЈ Законот за стечај (ЗС) е донесен во 2006 година,108 со што престана да важи дотогашниот Закон за стечај од 1997 година.109 За периодот на нашата анализа (2010 – 2014), новиот Закон за стечај има претрпено вкупно 4 изменувања и дополнувања.110 Со рогацијата од април 2011 година дојде до намалување на износите на глобите предвидени за должникот – правно лице и одговорното лице на должникот – правно лице, (чл. 6 од ЗИДЗС/апр.11) трговецот – поединец и одговорното лице на трговецот – поединец, (чл. 7 од ЗИДЗС/апр.11) а беше воведена нова казнена одредба за стечајниот управник кој нема да внесува или неажурно ќе ги внесува и доставува потребните податоци. (чл. 8 од ЗИДЗС/апр.11) Со измената на Законот за стечај од 31.05.2013 година е предвидено дека одлуките за објавување на повик за одржување на собрание на доверители, како и известувањето за вршење увид за во план за конечна распределба на средствата и известувањето за вршење увид во табела за утврдени или оспорени побарувања се објавува на веб страницата на Централниот регистар на РМ и во еден од трите најтиражни дневни весници кои се дистрибуираат на целата територија на Република Македонија. (чл. 3 од ЗИДЗС/мај.13) До дополнителни измени дојде и кај побарувањата од повисок исплатен ред кои дополнително беа дополнети и со придонесите за здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност. (чл. 66 од ЗИДЗС/мај.13) Третото и четвртото изменување и дополнување од ноември 2013 и февруари 2014 година не донесоа некои позначајни промени кои се поврзани со остварување на правата од работен однос. 108 Закон за стечај, Сл. весник на РМ, 34/06.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А веќе му стана и незгодно да се среќава со погледите на оние од редот кои го гледаа со нескриено ненавидување.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Пред извесно време ми падна в раце еден кус напис за Фајар во кој се зборуваше за финансиските тешкотии низ кои минува овој издавач, а неколку дена потоа прочитав и неколку реда кои можеби ја објаснуваат ситуацијата: Странските култури навлегувале во Франција во одделни налети во зависност од нередовните и непостојани интереси.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кажете ми дали знаете за него или за неговата книга?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А веќе му стана и незгодно да се среќава со погледите на оние од редот кои го гледаа со нескриено ненавидување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сите се плашеа од таа кобна директива, којзнае која по ред која ќе значеше конечно пресметување со козите, но и со оваа повратна живост на лицата на луѓето, првпат од војната, во слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше ред кој кога ја зема зашто сите сакавме да ја имаме со нас, не толку заради учителот, колку заради неговите дечиња, кои рано останаа без мајка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)