За волја на вистината, треба да се рече дека Арафат, придавајќи им во животот големо, понекогаш и пресудно значење на симболите, на пример, при говорот пред Советот во Њујорк го остави својот револвер во гардеробата на светската организација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ретко ќе се сретне во поновата историја на народите револуционер со долгогодишен стаж, револуција со подолго траење од палестинската.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)