Ја очекуваа вистинската карта како реванш на судбината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Каков реванш на судбината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Радо би се зборувало за победата на силите на животот врз инстинктот, смртта, за реваншот на свеста врз идеологијата, на духот врз бруталната сила.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Авторот, како под диктатот на нивен неискажан завет, изневерувајќи ја Татковата стратегија, во туѓина да учи за професија кој би го „заобиколувала затворот верува дека реваншот на судбината, односно враќањето од егзил ќе го изврши низ чинот на пишувачката имагинација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во мигови на кристална самотија во срцето на балканската ноќ, кога лесно слегуваше дури до потсвеста, си помислуваше дека состојбата во која се најде неговото семејство е можеби реванш на судбината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не успевајќи навреме да го стори пресудниот чекор, да појде кон Запад или кон Исток, насоките на неговите постојани илузии, останувајќи засекогаш во овој град, поверува во сигурниот реванш на судбината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ме пречекаа на самата граница, со почести. Каков реванш на судбината! Се враќав во својата Итака.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова требаше да биде неговиот реванш на судбината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Реваншот на непокорните селани од кои мораше, по секоја цена, да се создаде работничка класа, беше жесток.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)