Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Некој забуцал вила во ребрата на моето воле. Лапајте, проклетници, и протегајте се крај оган.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И Онисифор Проказник стана од своите кожи и веленца кога до него дојде Осип Сечковски. Плачеше и пцуеше, бараше помош од челникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Биди уверен, пријателе, дека патот ми беше познат: пет чекори до првиот басамак, дваесет и три крцкави ребра на скалите, девет чекори на лево до собата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)