реакција (имн.) - бев (гл.)

Б: Моја инстинктивна реакција беше дека тие нешта се одвратни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Неговата реакција беше оправдана затоа што беше се уште рано за таков вид разговор.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа му се вткаја во мислите и чувствата, дури ги одредуваше и неговите импресии и набљудувања, сите негови реакции беа под влијание на нејзините или беа измешани со нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во писмото Грција се обвинувала за започнатата "кампања на терор, со цел истребување на Македонските Словени во грчкиот дел на Македонија поради што пребегнаа преку граница, барајќи засолниште во Југославија", а додека "стотици други беа мачени и убивани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мојата прва реакција беше иста како твојата:”Боже мој - со овие орудија, дизајнот може целосно да се измени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Секојдневните информации за присилните миграции на македонското население од делот на Македонија во рамките на Грција во Југославија, Бугарија и во Албанија, како спас од преземениот терор од страна на грчката реакција беше повод Македонско-американскиот сојуз на 17 јули 1945 година да се обрати со протестно писмо до грчкиот амбасадор во САД, Дијамантопулос.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)