Миха ги почна студиите без ентузијазам, како нешто што не се сака но се мора, но набрзо увиде дека и овде сè му појде од рака, освен што не можеше да свикне не толку на глетката колку на реата во мртовечницата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)