рај (имн.) - ќе (чест.)

На волоите секоја година длаката му се менуела и се подноуала кожата и никогаш не умирале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Девојката нема никаков грев и портите од рајот ќе ѝ бидат отворени, а душата на нашиот син нема да најде мир, ни на овој ни на другиот свет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ЗЕМЈАТА И РАЈОТ Вечната била еден длабок дол, што око чоечко не можело да го догледа и преку тој дол имало мос од влакно и секој чоек, што ќе умрел, ќе поминел на влакното преку вечна и, ако е грешен чоекот, штом се качи на влакното и ќиниса по него да оди, ќе се скине и ќе падни чоекот внатре во вечна, а пак ако е праведен чоек, едно ќе се качи на влакното, за да врви и веднаш ќе му се стори еден широк мос и трчаница ќе си помини и во рај ќе си влези.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И чувствувала дека некогаш изгубениот детски рај ќе ѝ го врати нејзината избрана ќерка Ервехе, тоа сирото цветче од градините на балканските беспаќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)