По загубениот рај од времето на козите, во градот настапија пеколни денови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Прави ново кино рај од животот свој, не бега кукавички од својата милост, не повредува намерно никој.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Многу, многу подоцна на една изложба на слики на Шагал во Париз, на едно големо платно ми се откри мигот на рајот од детството во животот на нашето откорнатичко семејство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)