„Веќе ти имам кажано: не сакам да создадам живот кој уште со раѓањето ќе падне во бесмислата на постоењето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Зошто би морало постоењето да биде бесмисла?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако и е за раѓање ќе си роди и две, ако и дошло, не само едно; токо, лели си тргнала по ѓаволот — нека те трати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оние во шарените куќички под огромниот крст на врв рид си веруваат ли, веруваат дека некоја заскитана пеперутка од Андите само што не им слетала на левото рамо да им донесе троа среќа, не мора една вреќа ами сал троа среќа, а најсреќни се, се разбрира, тие кои уште од раѓање ќе си се вгнездат во некој убав сон и ним им заблазнуваат сите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)