Ја фатив за рачето и ја седнав на колено. - Тато, - ми вели сосем тивко таа, - денес навистина добив петка!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Мајката Роса по изгледот знаеше дали треба да пушти или да земе лаф, кога поседуваше кај неа ѝ се посветуваше на малечката Пелагија, ја држеше за рачињата и ја думкаше, уживаше во нејзиното грголење што веќе се претвораше во зборови чат пат, ама не се обидуваше да го дупне кожурокот молк.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ја облеков Билјана потопло, зашто денот беше ветровит, ја фатив за раче и ја изведов од дома.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Се доближи до детенцето, извади од џеб шамивче, му ги избриша солзите, ги избриша и под носето, го фати за раче и праша: - Како се викаш, мило?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И продолжува Чедо Пелагијо, утре е недела, ќе се промениме во нови пљачки, ќе ја фатиме Пеличка за рачињата и ќе појдеме до цркавата Света Богородица отаде Вардар!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ја фатив за рачето и си појдовме дома. А таа беше молчалива и тажна. Тагуваше за отсечените елки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)