Погледот го запре пред рафтот со речниците, во кои беа собрани илјадници различни зборови на многу балкански и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Најголемата соба на сите ѕидови имаше вградено рафтови со книги, но и целата просторија беше исполнета со метални регали со сталажи од подот до таванот полни со книги, како што тоа можело да се види во библиотеките на градот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зачудено гледаше како во цели два-три рафта можеше да забележи тематски наредени книги за козите, за јагулите, за историјата на империите на Балканот, за сиџилите, за границите, за козите, за лавиринтите, за жртвувањето на Балканот, за балканските и светските војни, а најмногу рафтови со книги имаше за јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)