расчистување (имн.) - на (предл.)

По расчистувањето на ваквите „процедурални“ аспекти, следуваше обавувањето на самиот разговор и снимањето на интервјуто во звучна форма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во септември 2007 Папазова, неможејќи да ги издржи условите за работа кои од дена на ден стануваа се понеподносливи, решава да си даде оставка т.е. поднесува барање за раскин на договорот за вработување (отказ даден од страна на работник) – за што работодавачот, следниот месец, своеволно, носи и посебно декларативно Решение бр. 03-48/3 за „доброволен престанок на работниот однос“ без отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7 По ова, таа предлага порамнување со дотогашниот работодавач, односно „расчистување на сметките“ и вонсудска доброволна исплата на долгуваното по сите основи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бев наивен кога работев и ја одбранив докторската дисертација кога поверував дека дијалектичко- материјалистичкиот, односно марксистичкиот приод што го имав на париската Сорбона, во демократската и толерантна Франција, ќе претставува вистинска замка во мојата земја во времето на расчистувањето на сталинизмот кога страдаше сѐ живо и диво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Рада по две недели се прибра дома. Расположена и ведра пред сѐ заради успешното расчистување на испитите во првата година.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Директорот на Атеистичкиот музеј, А.А., во чија строга надлежност се прашањата на душата, трансцеденцијата, има и свој „оригинален“ придонес и во „ресчистувањето на овие теоретски прашања“ за кои сталинската идеологија наводно има што да каже.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од високиот снег, натрупан при расчистувањето на пртта, тој и не можеше ништо да види.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ти мислиш – се исчудуваше упорниот иследник. – дека јас треба да бидам лековерниот професор а ти итриот студентот кој е спремен да ми пружи на располагање само делчиња од своите знаења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Разбравме дека напролет во населбата Доброшане ќе спроведат акција за расчистување на коритото на Кумановската Река, откако таа самата ќе си го исфрли ѓубрето со надојдени пролетни води.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)