Ќе се бакневме, усните ќе ти се отвореа и кога твојот јазик на неколку наврати ќе посегнеше по мојот, ти го откопчував првото копче од блузата, откривајќи ти го младежот на дното на грлото кој беше во хармонија со помалата дамка на аголот на усните што јас толку многу ја сакав, а потоа второто копче кое откриваше нежен златен крст - јас секогаш се обидував да го сметам само за моден детал - што се нишаше над расцепот на твоите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Третото копче ти ја разоткриваше чипканата набабреност на прслучето и јас си ја лизгав раката низ дезенираната мрежа напипувајќи ја цврстината на твојата пупка која ми се креваше кон прстите, но ти малку ќе се повлечеше и во позадината на забрзаниот ти здив твојот бакнеж се оддалечуваше и јас почнував посилно да те бакнувам обидувајќи се да те намамам да се вратиш од каде и да беше и конечно, држејќи те како да бев само пријател утешник, те прашував, „што си мислиш?“ иако, се разбира, знаев што ќе одговориш.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
37. Инж. Христо Станишев е член на ВМОК во Софија, а по расцепот на “врховистите” (1902) стана претседател на Врховниот комитет што го поддржуваше ЦК на ТМОРО и издаваше и свој весник под истото име “Реформи”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нишан
(поделено јас)
Договор е јаболко да не клаваме
во разговорот - кутија отворена:
раздорот, пан-доратот
на мегдан сам ќе дојде
во ситен кас, ненасит
јаболкото е за по дома
уште повнатре
за интимни дела
(пред употребата добро да се одмери)
уште повнатре
во умот без него
-една глава сто ума-
расцеп на личноста, пизма без име
како јас-бол, како разроко јас
поделено јаболко: поделено ти
камен-меѓник (кај и да погледнеш!)
во мојата нива коренот
во твојата плодот
а сенката паѓа на сите страни
на светот, АДАМ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Не сакам да мислам на неа но не можам поинаку.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)