Фрли го што подалеку, натфрли го
јадливо, разјадливо
- не плукај, подголтни -
да нема мера расцепот
во овој расчепен разговор
јаз-говор, јас-говор
пред овој исплазен јазик
при таа жега во умот
нишан на нишан
јас на ти.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Знам дека има некој расцеп во грчката партија по однос на македонското прашање, но не знам што да верувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Психоделичноста на шеесеттите обично се припишува на фамозното хипи движење, на коешто денес се надоврзува New Age, а природата на New Edge-от поправилно е да се припише на нивните претходници, на beat генерацијата. Beat гуруата како Вилијам Бароус (William S. Burroughs), Тимоти Лири (Timothy Leary) и Ален Гинсберг (Allen Ginsberg), се денденес херои на новиот посттехнолошки или cyberpunk бран. Cyberpunk-от прво се појави како нова литерарна струја во почетокот на осумдесеттите меѓу американските писатели на научна фантастика и предизвика расцеп во дотогаш единствената SF сцена.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Оргазам е можен и тогаш кога постои расцеп во психичката сексуалност, како кај повеќемината перверзни, и може да биде знак на патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Утврдивме дека основниот расцеп во шизоидната личност е пукнатината што го оттргнува сопственото јас од телото: Јас/(тело-свет) Таквиот раскол го кине индивидуалното сопствено битие на две, на таков начин што јас-чувството станува лишено од телото, а телото станува средиште на системот на лажно јас.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Човек и не е друго освен тој расцеп во кој го живее својот индивидуален и општествен живот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тоа го означило дефинитивниот расцеп во ВМОРО и почетокот на бројните меѓусебни недоразбирања, судири и убиства.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА Во XVIII век Османлиската Империја ја зафатила процес на дезорганизирање на државниот и општествениот систем и трпела воени порази во војните против Австрија, Венеција и Русија од 1716 до 1792 и ги изгубила Крим, Банат и некои азиски покраини.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)