расправа (имн.) - на (предл.)

Пресудата се донесува веднаш по заклучувањето на главната расправа на записник и ја објавува судијата поединец, односно претседателот на советот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во меѓувреме, расправата на масата продолжува како грмеж околу громобран, при што самомнителниот артист грми со својот глас (тој го вика „орган”) како Илија Громовник околу кој прскотат искри ако не секавици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Иако симпозиумската сала беше речиси празна, професорот Седларски ги сослуша внимателно воведните објаснувања на претседавачот на сесијата а потоа, откако го остави своето сако’ на една од празните столици пријде до микрофонот и се заблагодари на дадената можност да претстави една од загрижувачките појави која досега не била предмет за сериозна расправа на ваков висок собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Петко кусо објасни за она што им го расправал на беспризорните.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
6.  Судот пресудата ја донесува и објавува во име на граѓаните на РМ. Кога главната расправа се одржува пред советот, пресудата ја донесуваат претседателот на советот и членовите на советот кои учествувале на рочиштето на кое е заклучена главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Ова е важно“, додаде претседателот, „бидејќи од твојот бранител немаме добиено барање за одлагање на оваа расправа на Дисциплинската комисија, како што се произнесе обвинетиот работник Маленко!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)