Во образложението на својата одлука, овој суд најде дека раководството на тужената установа не го имал предвид фактот дека институтот „распоредување на работник“ не е предвиден во ЗРО и дека морал да постапи согласно постапката која во вакви ситуации предвидува понуда на нов променет договор пред отказ. 9
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, таа од свои блиски луѓе, дозна дека новата директорка, наводно, имала намера да ја премести Зефиќ од јавната администрација во стопанската единица, која функционира како трговско друштво во рамките на затворот и не е буџетски покриена – што, за среќа, не ѝ успеа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога велам, распоредување на енергијата мислам пред се на сите делови на телото рамномерно.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Согласно член 34, за повреда на работната дисциплина ќе се смета различното започнување и запирање на работењето за одделни категории вработени, како и сукцесивното распоредување на запирањето или сменувањето на различни групи на вработени или делови од претпријатието.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Конечно, со второстепената пресуда, донесена кон крајот на април 2010, беше уважена жалбата и првостепената пресуда беше преиначена8 во корист на Зефиќ, од страна на повисокиот судски совет (во состав: Љ.Арсениевска – претседател и д-р З.Михајлоски и Т.Дуковска – членови).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По исцрпувањето на сите правни инструменти и механизми за заштита на своите права од работен однос, Зефиќ на крајот се решава да поднесе тужба, подоцна пропратена со два дополнителни поднесока, за поништување на Решението за распоредување на работно место бр. 04-2026/1 (од октомври 2008), и на Решението на второстепената владина Комисија за прашања од областа на работните односи бр. 45-572/3 (од ноември 2008), кадешто тужена странка е Р.Македонија – со прецизирање КПУ Затвор Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)