Кога закрепна во болницата, кога можеше сам да оди, пак умот му појде на гајдата и усните сами од себе му се собираа и свиркаа; свиркаше и кога на болничарот му помагаше да ги внесат ранетите во болницата; свиркаше и кога му помагаше да ги носат на операција; свиркаше и кога ги враќаше од операција; свиркаше и кога некој мртов ќе го вадеа од болницата; свиркаше и кога ранетите исполегнати на дрвените кревети офкаа и се грчеа од болки.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Болничарката го внесе ранетиот во бункерот. Тој захрчи, од устата му истече локва крв и нависна на нејзините раце.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За Софија јуни беше најцрн месец во сообраќајот: седум мртви и над 40 тешко ранети во над илјада регистрирани сообраќајни незгоди.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ќе ти речат дека е за ранетите во Елбасан.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Лекарот рече нешто на унгарски, а потоа на руски: - Ранетиот во операционата сала - рече отсечено и излезе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Блазе си му, се спаси, вели едикојси од ранетите во колите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се товарат ранетите во возови; трчаат болничарите и со вар испишуваат крстови по вагоните; внатре вагоните се послани со слама; ранетите си помагаат еден на друг: ги подаваат рацете или патериците и ги прифаќаат оние што со мака се качуваат во вагоните; во далечина екнуваат пукоти, наредба е што побргу да се трга.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)