Не можеше да издржи. Изгуби рамнотежа и падна преку мене.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во нивните секојдневни активности постепено се создавала слика на новите односи, кои морале да кореспондираат со изменетата рамнотежа и активирање на новите политички субјекти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Гласот на Алија се сепнуваше, се колебаше, губеше рамнотежа и се кршеше сред возбуденото шепотење на другите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор ја отпушти раката на Арсо. Овој загуби рамнотежа и побара да се потпре на ѕидот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И самиот бев изненаден и возбуден; сакав да ја ставам ногата на третата скала, но од возбуда дека ќе успеам, од прерана радост, ја изгубив рамнотежата и се дочекав на нозе долу, а скалата ме удри по главата и рамото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)