рамнотежа (имн.) - помеѓу (предл.)

Најлесно е да отфрлам се и да се вратам на мојата мизерија, зошто чекорот надолу и падот кон бездната беше полесен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На тој начин ти се чистиш. Ја одржуваш сопствената рамнотежа помеѓу материјалниот и духовниот свет – објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, обете патувања, по многу години, извлечени од некогашниот историски контекст, можеше да се сметаат за помалку значајни епизоди, но во историја­та на нашето семејство во егзил, тие можеа, во времето на погромите, особено патувањето во Италија, да се сме­таат за сомнителни настани кои тешко можеа да им се објаснат на тогашните идеолошки умови, а да се немаше после­дици врз спокојот на доселеничкото семејство кое постоја­но трагаше по рамнотежата помеѓу напуштената и новона­се­лената земја. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше мудрост, голема мудрост во советот на покојниот Татко, којшто Мајка умно го спроведуваше одржувајќи ја рамнотежата помеѓу сите свои израснати чеда, со нивни семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Душата ми беше лесно раздразлива, слаба, кршлива, чувствував нарушена рамнотежа помеѓу свесното и несвесното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Татко сметаше дека постои апсолутна рамнотежа помеѓу законите на биолошката, природната еволуција и социјалното, односно историското еволуирање на човекот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Манастирот беше храм на рамнотежа помеѓу христијанското и муслиманското население, свет мост помеѓу едните и другите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)