Во ДИА, инсталацијата Арена овозможи сосема поинаква слика на активностите на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таа се состои се од 100 идентични сиви метални рамки во кои беа сместени околу 400 црно-бели фотографии и фотокопии како и три брилијантно колорирани монохромни плочи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ете зошто Гете ги повикуваше поетите, уметниците и мислителите да исчекорат од националните рамки во кои, соодветно на барањата на Хердер и неговите ученици, требаше да бидат затворени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се труди, но не успева да дојде до крај на некаква улица, кадешто би влегол во некоја куќа и би поразговарал самиот со себеси - би направил краток разговор за тежината во стомакот што доаѓа од онаа немоќ тој самиот да постави рамки во кои би ја сместил околината со сета нејзина севкупност а себеси како јасно издвоена, и никако вклоплива поединост - би се оставил на страна, , надвор, или барем на крајот од светот, а тоа да не е така заради него или заради светот, туку заради природата на рамките.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во меѓувреме тој седна на плочата на која веќе ја имаше напишано годината, па почна да ја пишува и датата за да ја заглави во специјална рамка во пармаците и шеснаесет крстови направени од дрво за да стави со чивии по четири на секој од столбовите под чардачето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Фасадата беше скромно украсена. Прозорците на приземје и првиот кат имаа кремасти метални рамки во кружни форми.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Постојат тези дека идеолошкиот вакуум (чиешто постоење исто така е под прашање) доведе до инвазија на телото во тн. Источна Европа. Колку тоа е точно и евидентно?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ако зборуваме за телото се сомневам дека Источна Европа е релевантна рамка во којашто е можно да се бара алтернатива за западната традиција на однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Значењето на ‘врамувањето’ (framing) го нагласувале сите форми на концептуалната уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не е важна содржината туку рамката во којашто содржината се прикажува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Случката го поттикна да ги опише тие цртежи како „нешто највпечатливо што досега сум направил“, а истовремено актуализираше некои фундаментални прашања за него како уметник.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога Пол Кле се врати од своето уметничко „усовршување” во Рим, 1902. година, барајќи рамки во оставата на родителскиот дом, тој налета на некои свои детски цртежи.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Работењето дома не е институција, туку конституција, ментална рамка во која може да се смести новиот работен напор.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)