рало (имн.) - опинок (имн.)

И Митра, и Доста си се спремија. Им направи Стојо на обете по едно рало опинци од кожата на крмнакот и почнаа секој ден по една да одат со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Трајче купи му едно рало опинци да не биде бос. Со другарски поздрав Планински.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И така, откако му се изгуби поштивијата работевме во манастирот колку за лебот и за по едно рало опинци што ги чувавме за зимата. 18
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЈОРДАН: За Симка, дека сум ја хранел и гледал, ќе дадеш четириесет лири готови пари, пет рала опинци, еден кат руба промена, појас, саат со ќустек од сребро...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ми даде едно рало опинци, шеќер и многу убаво ме пречека.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)