ракопис (имн.) - во (предл.)

Во самите дневнични белешки барем на почетокот, не наидов на трага за такво нешто, ама постојат куп ракописи во кои немам ѕирнато, може таму ќе се најде нешто под тој наслов.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Романот е обликуван во посмодерен код како приреден ракопис во чие ткиво се инкорпорирани уште неколку текстови кои го поткопуваат главниот текст.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бунар од Димитар Башевски претставува своевидно откровение кое укажува на тоа дека можностите за спој на традиционалниот и постмодерниот ракопис во рамки на современиот роман, сè уште не се исцрпени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)