Нѐ остаија на улица па сега уште и ракија ќе ни забрануваат да праиме.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Кога ќе испиеше половина чаша ракија ќе се крстеше се додека не ќе го заболеше раката или додека не ќе го треснеа со нешто по глава.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако го одбијам да му сипам ракија ќе ја земеше чашката и ќе заминеше долнидвор, кај дедо ти.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во Битола само на војници и на курви се сопкаш, велат. За едно кравајче леб ќе ти го кренат фустанот, велат, за една чаша ракија ќе ти се расчекорат, ќе те опчекорат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)