рака (имн.) - дека (сврз.)

Сакаше веројатно да ме предупреди дека секое понатамошно задржување може да ми наштети.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само во еден момент, додека Бунде беше зафатен околу големата гравирана шнола со знаци на риби од јужните мориња на косата на Јана, Катерина се обиде да ми даде знак со раката дека треба веднаш да ја напуштам просторијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господе, зар не се случуваше тоа она лето кога татко ти довлечка во дворот цела кола лубеници, а притоа задоволно ги триеше рацете дека ефтино ги начекал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На забелешката од Геро дека требало да се јави во штабот, овој одмавна со ножот во раката дека тие во штабот веќе не мислат на него и доцедуваат некое од шишињата скриени по бироата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му читаш во растреперените раце дека не е подготвен да си го покаже навежбаниот задник, на кој е посебно горд, но само во панталони затегнати со дупла игла на ременот и, како син на мама, која исто ги воспитувала и него и дада му, демек „прво само до пола“, строго се држи до лекцијата, а мота низ главата зборови со кои истовремено ќе остане „мачо мен“ (а ќе одигра како путе на пубертетлика, која час не сака, час умира од желба да направи нешто недозволено), за да има што да раскаже по пет испиени пива, и тоа фури по петтото, како неверојатно си прошол и како усреќил некоја, која, секако, во приказната ќе биде барем десет години помлада и барем десет сантиметри повисока и десет килограми полесна, со „страва“ тело и гради и, што им е исто така важно, „многу паметна девојка" и, во приказната за безобразно добриот секс ќе изостави дека таа, всушност, си заминала!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајка, откако се поздрави со загрижениот Гури Порадеци, не дочекувајќи го неговото прашање каде е Татко, му покажа со раката дека е горе, со книгите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога почувствува во рацете дека јас нејзиното барање го исполнувам, таа тогаш, додека јас се спуштав на колена лизгајќи ѝ ги дланките преку колковите и по слабините надолу, го отпаша коланот од бањарката, се разголе откривајќи се пред мене без гаќи, со своето тело како целото излеано од млеко, ми допушти да ја изгледам па ми ја стави дланката од својата десна рака на темето и додека ги подвиткуваше нозете во колената и ги подрасчекоруваше, ми ја стегна главата, просто ми се навре на лицето...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)