рака (имн.) - веќе (прил.)

Под рацете веќе му беше бутнато некое друго лице, модро-црвено лице на пијаница, со бели трепки, одвратно на допир, облеано со пот, со испарувања на алкохол, црно кафе помешано со рум - подготовка за наркоза, скришно пивната во меана заради охрабрување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нозете и раката веќе не ги чувствува. Само мрак, црневина пред очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По лицата, по градите и по рацете веќе им беше закоравена потта, којашто помешана со правта од тулите, имаше ишарено безброј темно-црвени нишани.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Попова Радица! - се слушна гласот на главната сестра која во раце веќе ги имаше наодите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Воопшто не им пречеше тоа што тие во своите раце веќе цврсто држеа зрела убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со тие раце веќе не можеше да се ткае филигранството на човечката анатомија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шамијата не си ја ставив преку глава та рацете веќе ми мрзнеа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Рацете веќе испотени. Три, два, еден, како Нова година да чекаме.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Моите раце веќе не трепетат тие се живи и млади стебла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А и под раката веќе не чувствува ништо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- топло, од срце почна да шепоти Елена, а нејзината нежна рака веќе лежеше врз главата на кучката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој речиси и пречекори напред, кога рацете веќе заминаа сами по таа мисла и набргу пушката беше нешто сосема вистинско во нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој вакуум едни во други постојат сите преживеани очаи; низ новата болка болат сите претходни; низ мојот сегашен очај ме болеше очајот на моето детство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога на неговата рака веќе не ѝ беше потребна поткрепа, таа иста рака ме турна во очајот, како во вакуумски простор, во кој со подеднаква брзина, со подеднаква бавност, паѓаат и пердувот и оловото, и крвта и душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како бесни кучиња од сите страни го раскинуваа, Болката од студот, повредата на рацете веќе не ги чувствуваше: душевната немоќ беше поболна од болката на телесните сетила.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)