рака (имн.) - сличен (прид.)

Дури и со движење на недолгите раце слични на поткас-рени гусочки крилја, не како човек што не почитува туѓи стремежи за една поинаква иднина ами сонлив и со болка на карличните рабови, Сандре Самарија не ја сфатил смислата на зборовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тесните ракави му висеа рацете слични на камбански толчници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Додека не се здружиме сите ние од Кукулино, и од другите села со тоа Кукулино, и сите наши луѓе, сè што е способно да боде и да апе, минувал низ текот на своите мисли Наџак-Јанко со иста скаменетост на лицето како миогу подоцна попот запишувач на одамнешни истории кога му ја повторувал таа мудрост на боцкавиот Армодиј Давидовски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)