рака (имн.) - дивјачка (имн.)

Јас си седам тука, го слушам ѕвончето на Белка, сигурна сум дека говедата ми се тука, си држам во рацете дивјачка, и го гледам руменото обравче и ги слушам мушичките како ѕунат низ тревата од горештината, ѕунат, аман Господе, ти се чини улиште има тука некаде и уште што не се пуштило, што не тргнало кон некаде...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)